Курс за тренери од ниво Играј Тенис (Play Tennis course)

October 11, 2024

Почитувани клубови и тренери,

Од 28 до 31 октомври 2024, ТФСМ планира организација на Курс за тренери од ниво Играј Тенис (Play Tennis course). Курсот е во организација на Тениската Федерација на Македонија (ТФСМ) а по програма на Интернационалната Тениска Федерација (ITF). По завршување на овој курс кандидатите кои ќе ги положат сите тестови и задачи ќе добијат ITF сертификат кој е признаен од ТФСМ и од ITF.Местото на одржување ќе биде накнадно објавено.

Тутор на курсот ќе бидe:

Димитар Лабудовиќ – ITF Тутор за Play Tennis

Сите заинтересирани можат да се пријават на следниот e-mail contact@tfsm.mk, а рокот на пријава е 22 Октомври 2024 до 12 часот. Минималната бројка е 12 а максималната бројка на пријавени е 24кандидати. Во пријавата која треба да биде во форма на e-mail треба да го наведете името и презимето на кандидатот, мобилен број и e-mail адреса.

Прифатените кандидати треба да извршат уплата до 25 Октомври 2024 година согласно информацијата подолу на следната Жиро сметка: 300000000981676, Банка депонент: Комерцијална банка АД Скопје.

Кандидатите треба да уплатат годишна лиценца од 2000 денари и 5000 денари за посетување на курс согласно одлуките на ТФСМ. Назнака за уплата: Лиценца за 2024, курс од ниво Играј Тенис и име и презиме на кандидатот;

Одлука за годишна лиценца:

https://www.mtftennis.mk/wp-content/uploads/2024/01/13.pdf

Одлука за посетување курс:

https://www.mtftennis.mk/wp-content/uploads/2024/01/15.pdf

Со почит,

ТФСМ

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани