Одржан првиот дел од Курсот за тренери ниво 2

October 10, 2024

Изминативе четири дена во Скопје во организација на ТФСМ се одржа првиот дел од Курсот за тренери од Ниво 2 (Coaching Advanced players course). Курсот е по програма на Интернационалната Тениска Федерација (ITF). Девет тренери го посетуваа првиот дел од курсот, додека вториот дел што ќе биде со времетраење од седум дена ќе се одржи во ноември. Тутор на курсот е Горан Шевченко – ITF Тутор за Play Tennis, Ниво 1 и Ниво 2.

Активностите со курсот се составен дел од активностите на македонската тениска федерација. Нашиот едукативен систем е признаен на бронзено ниво.

По завршување на овој курс кандидатите кои ќе ги положат сите тестови и задачи ќе добијат ITF сертификат кој е признаен од ТФСМ и од ITF.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани