Ѓорческа елиминирана на стартот на фјучрсот во Братислава

October 8, 2024

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ фјучрс турнирот W75 Братислава што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Таа во првото коло загуби од петтата носителка Антонија Ружиќ од Хрватска со 2-0 во сетови (64 61) за 70 минути игра.

Неизвесно беше во првиот сет. По водството на Ружиќ од 1:0 во гемови, Ѓорческа имаше серија од три гема за водство од 3:1, а потоа нашата тенисерка предноста ја задржа и имаше водство од 4:3. Но, следните три гема ги освои тенисерката од Хрватска и го доби сетот со 6:4.

Во вториот сет по 1:1 во гемови, Ружиќ освои пет гема во низа и го доби сетот со 6:1 во гемови, а со тоа и мечот со 2-0 во сетови.

Со оваа победа Ружиќ поведе со 2:1 во добиени мечеви против македонската тенисерка.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани