Курс за тренери од Ниво 2

September 25, 2024

Во месец октомври и ноември 2024 во два дела, ТФСМ планира организација на Курс за тренери од Ниво 2 (Coaching Advanced players course). Курсот е во организација на Тениската Федерација на Македонија (ТФСМ) и по програма на Интернационалната Тениска Федерација (ITF). По завршување на овој курс кандидатите кои ќе ги положат сите тестови и задачи ќе добијат ITF сертификат кој е признаен од ТФСМ и од ITF. Првиот дел од курсот ќе започне на 6 Октомври 2024. Местото на одржување ќе биде накнадно објавено.

Тутор на курсот ќе бидe:

Горан Шевченко – ITF Тутор за Play Tennis, Ниво 1 и Ниво 2

Право на пријава имаат сите тренери кои веќе го имаат поминато Ниво 1 (Coaching Beginner and Intermediate players course) курсот а кандидатите ќе бидат прифатени согласно резултатите од Ниво 1 курсот. Минималната бројка е 12 а максималната бројка на пријавени е 16 кандидати а рокот на пријава е: 1 Октомври 2024 до 12 часот, на следниот e-mail contact@tfsm.mk, за сите останати информации можете да се обратите на 070233243. Во пријавата која треба да биде во форма на e-mail треба да го наведете името и презимето на кандидатот, мобилен број и e-mail адреса.

Прифатените кандидати треба да извршат уплата до 4 Октомври 2024 година согласно информацијата подолу на следната Жиро сметка: 300 000 000 981 676, Банка депонент: Комерцијална банка АД Скопје.

Сите избрани тренери треба да уплатат годишна лиценца од 3000 денари и 13000 денари за посетување на курс согласно одлуките на ТФСМ. Назнака за уплата: Лиценца за 2024, курс од Ниво 2, и име и презиме на кандидатот;

Одлука за годишна лиценца:

https://www.mtftennis.mk/wp-content/uploads/2024/01/13.pdf

Одлука за посетување курс:

https://www.mtftennis.mk/wp-content/uploads/2024/01/15.pdf

Со почит,

ТФСМ

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани