Три финалиња за македонските тенисери на Скопје опен до 14 години

September 23, 2024

Македонските тенисери кои настапуваа на турнирот Скопје Опен (до 14 години) што се играше на терените на ТК Југ изминатава недела запишаа три финални мечеви (едно сингл кај момчињата и во двете конкуренции во игра на двојки).

Марко Алексовски го играше финалето во поединечна конкуренција, а противник му беше Романецот Алберт Пипие, кој забележа победа од 2-0 во сетови. На патот до завршниот меч Алексовски, постигна убедливи победи од 2-0 во сетови против српските тенисери Никола Богавац (второ коло), Владимир Грубачиќ (трето коло) и Матеја Влаисављевиќ (четвртфинале). Меч во три сета за победа од 2-1 во сетови оствари против Унгарецот Мате Лип.

Александар Грујиќ и Алексеј Стојановски играа во финалето во конкуренција  на двојки. Пуспешни во финалниот меч со 2-0 во сетови од нив беа Марко Павловиќ од Србија и Ксавиер Сандерс од САД. За пласман во финалето тие ги победија и првите носители.

Лина Николовска заедно со Летонката Монта Висоцанска го загубија финалето во конкуренција на женски двојки. Подобри од нив со 2-0 во сетови беа Мина Бачанин од Србија и Мелитина Котлиарова од Русија.

На турнирот настапија вкупно 23 тенисери и тенисерки од Македонија (12 кај момчињата и 11 кај девојчињата). Покрај финалето на Алексовски во сингл, Алексеј Стојановски играше во четвртфиналето, како и Анастасија Арсовска кај девојчињата.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани