14-годишната македонска тенисерка Сара Митевска изминатава недела имаше забележителен настап на ИТФ турнирот за тенисери и тенисерки до 18 години што се играше на Златибор, Србија (Ј30 Златибор). Таа во двете конкуренции стигна до полуфиналето
Во сингл конкуренција во првата рунда ја победи убедливо домашната тенисерка Србинката Уна Ракичевиќ со 2-0 во сетови (62 60), а во следната рунда беше поуспешна во меч во три сета од петта носителка Кејси Мауро од Велика Британија 2-1 во сетови (64 26 64). Нова сигурна победа постигна и во третото коло против Верица Зрниќ од Србија 2-0 во сетови (64 63), а во четвртфиналето оствари уште една убедлива победа со само два загубени гема 2-0 во сетови (62 60) против Хелена Радман од Србија. Полуфиналето со Ена Илиќ од Србија го предаде.
Во конкуренција на двојки Митевска играше заедно со Нина Тепиќ од Србија. Во второто коло откако беа слободни во првата рунда ги победија Анастасија Чоловиќ (Србија) и Елисавета Привалова (Русија) со само еден загубен гем, а во четвртфиналето ги совладаа Ксинаг Лиу од Кина и Елена Милутиновиќ од Србија со 2-0 во сетови (64 63).