Стартна победа на Ѓорческа на турнир во Португалија

July 23, 2024

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна турнирот во Португалија, Фигуеира да Фоз, што се игра за награден фонд од 100.000 долари. Таа во првата рунда ја победи Анастасија Иамачикне од Чиле (23 години), која на турнирот „влезе“ како „лаки лузер“. Ѓорческа триумфираше со 2-0 во сетови (62 64) за 87 минути.

Ѓорческа беше убедлива во мечот особено што ривалката од Перу на свој сервис успеа да освои само еден гем и тоа во финишот на мечот. Македонската тенисерка имаше 8 брејка од 14 можности.

Првиот гем во мечот го освои тенисерка од Чиле, но Ѓорческа од 0:1 дојде до водство од 5:1 и сетот го заврши со 6:2 во гемови. Во вториот сет повторно водство на Иамачикне, но Ѓорческа направи серија од четири гема за предност од 4:1. Во шестиот гем од сетот противничката го освои гемот на свој сервис за 4:2, но до крајот на мечот македонската тенисерка ја зачува предноста и сетот го доби со 6:4.

Во следната рунда македонската тенисерка за противничка ќе ја има петтата носителка Ариане Хартоно од Холандија (28 години, 163.место ВТА), која денеска во првото коло ја победи квалификантката од Украина Натерина Володко со 2:0 во сетови (64 63).

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани