Ѓорческа ја очекува првата противничка во квалификациите на Вимблдон

June 22, 2024

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа од вчера е во Лондон, каде во текот на следната недела ќе го има вториот настап на Грен слем турнирот Вимблдон. Проблемот со визата беше надминат во текот на оваа недела, но сепак Ѓорческа немаше можност да настапи на турнир во Англија, па така останува низ тренинзи на тревната подлога со тренерот Димитар Лабудовиќ овие неколку дена да ја прилагоди играта на овој вид подлога.

За Ѓорческа ова ќе биде втор настап на Вимблдон во квалификациите (првиот го имаше во 2017 година), а женскиот квалификациски турнир стартува во вторник, а ден претходно ќе биде познат и „костурот“ во квалификациите.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани