Американците Сигерман и Трхач победници на Macedonian Open

May 25, 2024

Американската комбинација Рајан Сигерман и Патрик Трхач се победници на годинашново издание на Macedonian Open откако во финалето 2-0 во сетови(64 76(4) ги совладаа Чесите Ендрју Полсон и Патрик Рикл за еден час и 16 минути игра.

Американците имаа контрола над мечот иако во вториот сет на свој сервис не успеаја да ја искориста брејк предноста, па сетот се решаваше во тај брејк.

Впрвиот сет Сигерман и Трхач го добија со 6:4, а клучниот брејк за предност во сетот го направија во четвртиот гем за водство од 3:1 и предноста ја сочуваа до крајот на сетот. Во вториот сет секој од дубловите го освојуваше гемот на свој сервис до резултат 5:5, а потоа Сигерман и Трхач направија брејк, но не го задржаа до следниот гем кога на сервис на Сигерман чешката комбинација успеа да изедначи и да се избори сетот да се решава во тај брејк. Во 13.тиот гем – без многу проблеми Сигерман и Трхач дојдоа до предност и тај брејкот го завршија со 7:4 на поени.

Со победата во Скопје Американците Сигерман и Трхач ја потврдија фаворитската улога и за нив ова е четврти Челинџер освоен оваа година.

По мечот Рајан Сигерман во името на победничкиот пар изјави:

  • Задоволем сум од настапот и од победата на турнирот, одигравме навистина добар турнир. Им честитам и на финалистите, а се надевам дека оваа сезона ќе биде навистина успешна за нас.

Победниците на турнирот добиваат по 75 поени, со што ќе имаат шанса за голем скок на АТП листата, а финалистите ќе освојат по 50 поени.

Финалето во поединечна конкуренција меѓу Полјакот Камил Мајхчак и Јоел Шварцлер почна во 13:10 часот.

ФОТО: ИГОР ПАНЕВСКИ

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани