Познати полуфиналните двојки на Macedonian Open

May 23, 2024

Со комплетирањето на денешната програма и четвртфиналните мечеви, познати се полуфиналните двојки на годинашново издание на Macedonian Open. Првите два меча беа решени по три сета игра, а во следните два се играше во два сета. Ѓоел Шваерцлер од Австрија со пресврт стигна до полуфиналето откако го совлада Ендрју Полсон од Чешка со 2-1 во сетови (36 64 64). Голема борба се водеше во вториот сет, а во четвртиот гем се одиграа дури 14 поени, а Шваерцлер успеа да изедачи на 2:2, за потоа да направи брејк во 9.тиот гем за водство од 5:4 што беше само најава за пресвртот во мечот.

Негов противник во полуфиналето ќе му биде Жерар Кампана Ли од Кореја, кој направи изненадување со победата над Марко Чекинато од Италија со 2-0 во сетови (64 62) за 100 минути игра. Во првиот сет Ли направи брејк во третиот гем и предноста ја зачува до крајот и сетот го доби со 6:4, додека во вториот сет веднаш на старот имаше два брејк за водство од 4-0 и сетот го реши со 6:2 во гемови.

Вториот Австриец во четвртфиналето Неил Оберлајтнер немаше успех особено шти двата сета Американецот Рајан Сигерман ги доби во тај брејк и максимално го искористи својот добар сервис. Сигерман имаше 16 ас сервис во мечот наспроти 9 на Оберлајтнер. Австриецот го доби првиот сет до 6:2 откако имаше два брејка, но следните два сета се решаваа во тај брејкот. Но најпрвин Сигерман успеа во 10.тиот гем да спаси две меч топки откако противникот водеше со 5:4. Во тај брејкот беше 7:5 на поени. Во решавачкиот сет Сигерман направи брејк за водство од 3:1, но веднаш следуваше ри-брејк за 3:2, па сетот се решаваше во тај брејкот, кој го доби Американецот со 7:6.

Камил Мајчрзак од Полска за полуфиналето се избори по триумфот над Италинецот Александер Вајс со 2-0 во сетови (63 76(5)). Клучниот брејк за првиот сет полскиот тенисер го направи во осмиот гем за водство од 5:3, а вториот сет мина без брејк и во 13.та игра (тај брејк) на поени беше 7:5 за Мајчрзак.

Во конкуренција на двојки првите носители Гудио Андреоци и Мигел Рејес-Варела (Аргентина/Мексико) загубија од Марко Баотолоти и Дави Пел (Италија/Холандија) со 2-1 во сетови (64 36 10-8 на поени), во најнеизвесниот меч од четвртфиналето кај двојките. Вторите носители Луис Давид Мартинец и Кристијан Родригез (Венецула/Колумбија) ги победија Орландо Луж и Петрос Циципас (Бразил/Грција) со 2-0 во сетови (62 64).

Американецот Сигерман е единствениот со „двојна програма“ за полуфиналето. Тој со сонародникот Патрик Трак ги победија Индијците Џиван Недунчезијан и Сундар Прашант со 75 76(5) во сетови, додека нивни ривали ќе им бидат Чесите Патрик Рикл и Ендрју Полсон, кои со 2-0 во сетови (64 63) ги победи Џорџ Голдхоф и Александру Жецеан (САД/Романија).

Полуфиналните мечеви во сингл ќе се играат утре (петок) на Централниот терен, додека во конкуренција на двојки еден меч ќе се игра на Централниот терен, а вториот на теренот број 5.

 

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани