Стоилковска запрена во полуфиналето во двојки

May 10, 2024

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска заедно со Екатерина Казинова од Русија не успеаја да изборат финале во конкуренција на двојки на ИТФ фјучрс турнирот во Куршумлијска Бања што се игра за награден фонд од 15.000 долари. Тие во денешното полуфинале загубија од вторите носителки Теа Лукиќ (Германија) и Наталија Сениќ (Србија) со 2-0 во сетови (63 63).

Во првиот сет до резултат 2:2 во сетови ниту еден од паровите немаше предност, а потоа Лукиќ и Сениќ направија серија од три гема за водство од 5:2 што се покажа како недостижно. Во вториот сет таа предност од три гема победничките ја имаа по седмиот гем – 5:2, иако по 1:1 постојано имаа предност од два гема.

Стоилковска ја очекува уште еден настап на турнир во Куршумлијска Бања, каде веќе има обезбедено пласман во главниот тунрир.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани