Сигурен старт на фјучрсот во Копер за Ѓорческа

April 17, 2024

Македонската тенисерка ја продолжи добрата серија настапи и по одличните мечеви за македонската репрезентација претходната недела на стартот од ИТФ фјучрс турнирот W75 Копер оваа недела оствари две победи. Денеска во мечот од првото коло во поединечна конкуренција ја совлада носителката број 6 Анка Алексиа Тодони од Романија (191.место на ВТА листата) со 2-0 во сетови (64 61) за 99 минути игра.

Ѓорческа во мечот имаше 7 брејка од 11 можности, а противничката 3 од 12.

На почетокот на мечот двете тенисерки почнаа со брејк, а Ѓирческа го освои четвртиот гем на свој сервис и по третиот брејк веќе водеше со 4:1 во гемови што се покажа како клучна предност за освојување на првиот сет. Во вториот нашата тенисерка почна одлично и со серија од три гема поведе со 3:0, Романката освои еден гем, но тоа беше и последен за неа. Македонската тенисерка со нова серија од три гема го освои сетот со 6:1 и за пласман во второто коло.

Следна ривалка ќе и биде Дебора Киеса од Италија, од која загуби на вториот фјучрс во Кипар во март годинава. Инаку Киеса која играше и во квалификациите на овој турнир во првото коло ја победи Зулета де Реалес од Шпанија со 2-0 во сетови (64 62).

Македонската тенисерка утре најверојтано ќе има два меча на програмата бидејќи вчера заедно со Андреа Миту од Романија постигнаа победа на турнирот во двојки совладувајќи ги тенисерките од Чешка Викторија Бервид и Денисе Хрдинкова со 2-0 во сетови (63 62) и во четвртфиналето ќе играат против Ивана Севестова од Чешка и Анастасија Константиновна Соболева од Украина.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани