Скок на Ѓорческа и Стоилковска на ВТА листата

April 1, 2024

Во пресрет на мечевите од Били Џин Кинг Купот македонските тенисерки на последното рангирање направија скок благодарение на успешните резултати во претходниот период. Лина Ѓорческа направи скок од 14 позиции, додека Магдалена Стоиловска има скок од 76 места.

Ѓорческа сега е рангирана на 225.то место со 336 поени, или 24 повеќе од претходното рангирање пред две недели. Лина скокот го направи благодарение на финалето на турнирот во Ларнака, Кипар.

Стоилоковска сега се наоѓа на 1125.то место со 12 поени, благодарение на поените освоени со четвртфиналето на турнирот во Шарм Ел Шеик.

Во конкуренција на двојки Лина Ѓорческа е рангирана на 373.то место со 226 поени.

Нашата најдобра тенисерка оваа недела ќе настапува на ИТФ фјучрсот во Сплит и во мечот од првото коло утре ќе играа со Германката Настасја Шунк.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани