Стоилковска успешно ги мина квалификациите, а Ѓорческа избори второ коло

March 19, 2024

Ден со победи на македонските тенисери на ИТФ турнирите. Магдалена Стоилковска со две победи избори пласман на главниот турнир на фјучрсот во Шарм Ел Шеик откако оствари две победи во квалификациите. За пласман на главниот турнир таа дееска ја победи Јана Оципка од Белгија (14.носителка) по речиси два часа игра. Стоилковска го доби првиот сет со 6:4 во гемови, а вториот по голема борба го освои ривалката со 7:6 и 7:5 во тај брекот. Мечот беше решен во третиот сет на поени што го доби Стоилковска со 10:8 на поени. Во првиот меч од квалификациите Стоилковска ја победи Шаранја Шети од Индија со 2-0 во сетови (61 61).

Македонската тенисерка избори пласман на главниот турнир и во првото коло ќе игра против првата носителка Адитиа Карунарате од Хонг Конг (22 години, 488 место на ВТА).

Лина Ѓорческа пак по голема борба успеа да се пласира во второто коло на фјучрс турнирот во Аламинос, Ларнака. Таа како осма „фаворитка“ славеше победа со пресврт во мечот против шпанската тенисерка Ирене Бузиљо со 2-1 во сетови (57 64 62) за нешто помалку од три часа игра.

Во следната рунда ќе игра со победничката од мечот Киеса (Италија) и Собан (Германија). Двете тенисерки успешно ги минаа квалификациите.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани