Прво финале за Ѓорческа во 2024 година

March 16, 2024

Лина Ѓорческа со денешната победа во полуфиналето на фјучрсот во Аламинос, Ларнака на Кипар успеа да избори пласман во првото финале во 2024 година. Таа на турнирот на ИТФ 35 Аламинос што се игра за награден фонд ја совлада Италијанката Нурија Бранкачо со 2-0 во сетови (75 и 64) за 101 минута игра. Ѓорческа имаше подобра реализација на брејк шансите и искористи пет од деветте во мечот, додека противничката имаше 3 од 11. Ѓорческа „запиша“ и осум двојни сервис грешки, а во вкупниот број поени скорот беше 77:64.

Почетокот на мечот беше во знакот на Бранкачо која поведе со 3:1 со брејк во четвртиот гем, а македонската тенисерка брзо ја врати неизвесноста откако изедначи на 3:3 во гемови. Нов брејк за водство од 5:4 Лина направи во деветиот гем, но противничката изедначи на 5:5. Сепак седните два гема ги освои Ѓорчекса за 7:5 и водство од 1:0 во сетови. Серијата гемови на Ѓорческа продолжи и на стартот на вториот сет за водство од 4:0 во гемови или серија од шест гема, а потоа беше и 5:1 за македонската тенисерка. Сепак противничката направи брејк во осмиот гем, а потоа и намали на 5:4. Но, Лина не дозволи пресврт и десеттиот гем го освои без загубен поен за 6:4 во вториот сет.

Противничка во финалето на Ѓорческа ќе и биде петтата носителка Луција Ќириќ Багариќ од Хрватска, која пласман во финалето избори откако нејзината ривалка Андреа Лазаро Гарсија од Шпанија го предаде мечот по првиот сет, кој Ќириќ Багариќ го доби со 6:0. Хрватската тенисерка има 20 години и се наоѓа на 214.то место на ВТА листата што е нејзин најдобар ранг во кариерата. Таа воедно во 2024 година игра во извонредна форма има 21 победа и еден предаден меч, притоа има победи на три од четирите турнири на кои настапила (Хамамет 2 и Монастир 1).

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани