Пад од шест места за Ѓорческа на ранг-листата на ВТА

March 4, 2024

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа има пад за шест места на денешното рангирање на ВТА листата. Таа се наоѓа на 241.то место со 312 поени или седум помалку од претходната недела.

Втората македонска тенисерка која има ранг Магдалена Стоилковска е рангирана на 1203.то место со 9 поени (без промена), но има скок од осум позиции.

Во конкуренција на двојки Ѓорческа се наоѓа на 374.то место со 226 поени или има пад за една позиција.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани