Без поголеми промени во рангот на македонските тенисери

February 26, 2024

Пад за една позиција на најновата ранг-листа има најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски. Тој се наоѓа на 361.то место со 137 поени со настап на 25 турнири. Горазд Србљак има скок од три места и сега е рангиран на 1068.то место со 10 поени. Третиот македонски тенисер со ранг е Обрад Марковски. Тој со 2 поена се наоѓа на 1612.то место и има пад за две позиции.

Во конкуренција на двојки мал напредок на листата имаат Ивановски, Берг Бугариќ и Марковски, додека единствено Елдин Хусеиновиќ има пад. Ивановски е на 667.то место (скок за пет позиции), Бугариќ се наоѓа на 1364.то место (скок две места) со 16 поени, а Марковски е на 1874.то место (скок едно место) со 5 поени.

Хусеиновиќ има пад за две места – 2163.то место со три поени.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани