Хусеиновиќ и Божиновска со најдобар пласман од македонските јуниори

February 20, 2024

Амар Хусеиновиќ и Јана Божиновска се македонските тенисери во категоријата до 18 години, кои имаат најдобар ранг. Амар Хусеиновиќ се наоѓа на 547.то место со 112.75 поени, а покрај него на листата на ИТФ се наоѓаат уште: Александар Трифуновски (1070.то место); Филип Стојановски (1437.мо место) и Горјан Вукичевиќ (3336.то место).

Кај девојките Јана Божиновска е рангирана на 1429.то место со 36 поени, а понатаму следуваат: Катја Ивановски (1588), Сара Митевска (2053), Ана Митевска (2069), Теона Андова (2419), Ивана Милкова (2481) и Зара Зафировска (2676).

Од тенисерите до 16 години најдоброрангиран е Кристијан Јанев (296), а вкупно 15 наши тенисери имаат ранг во оваа категорија. Кај девојките до 16 години Сара Митевска е ранагирана на 242.то место, покрај неа уште шест тенисерки имаат ранг. Митевска е најдобрата македонска тенисерка (51.место) и кај девојчињата до 14 години, додека кај момчињата најдобро рангиран е Марко Алексовски (251 место).

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани