Ѓорческа го заврши настапот на турнирите во Анталија

February 15, 2024

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот во првото коло на ИТФ фјучрсот во Анталија. Таа во првото коло играше против Русинката Александра Шубладзе и загуби со 2-0 во сетови (62 63) за 101 минута игра. Ѓорческа следниот настап ќе го има на турнир во Трнава.

Првиот сет беше под целосна контрола резултатски на противничката на Ѓорческа, која поведе со 5:0 и сетот го заврши со 6:2 во гемови. Во вториот сет до 3:3 беше нерешено, а следните три гема и припаднаа на Шубладзе која го доби сетот со 6:3, а со тоа и мечот со 2-0 во сетови.

Слабата реализација на Ѓорческа на брејк топки е причината за поразот. Македонската тенисерка имаше скор од 3/16, додека противничката 6/9.

Поради дождот организаторите на турнирот во Анталија имаа проблеми со програмата, а овој меч требаше да се игра во вторникот.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани