Скок за едно место за Ѓорческа и настап на турнир во Анталија

February 5, 2024

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се наоѓа на 242.то место на ВТА листата, што е скок за една позиција во однос на претходната недела. Таа има 312 поени. Во конкуренција на двојки Ѓорческа е на 374.то место со 226 поени, без промени во бодовите, а со скок од три позиции.

Одф македонските тенисерки сингл ранг има и Магдалена Стоилковска, која се наоѓа на 1216.то место со 9 поени, без промена и во рангот и во бројот на поени.

Ѓорческа оваа недела ја очекува настап на ИТФ фјучрс турнир во Анталија.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани