Кава од Полска е противничка на Ѓорческа

January 7, 2024

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа настапот на квалификациите на Австралија Опен во Мелбурн ќе го почне против полската тенисерка Катарзина Кава. Ривалката на Ѓорческа има 31 година и се наоѓа на 197. то место на ВТА ранг-листата во поединечна конкуренција, додека во двојки е рангирана на 115. то место.

Пред заминувањето за Мелбурн Ѓорческа истакна дека е задоволна од резултатите во претходната година, кои воедно и овозможија настап на Австралија опен, воедно плановите за оваа година е настап на сите четири Гренд слем турнири, како и да се обиде да подобри својот пласман (најдобар ранг во кариерата и е 170. место остварен на 12. јуни 2017 година).

Мечот Ѓорческа – Кава е планиран да се игра во вторник.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани