Пад на ранг листата за Лина Ѓорческа

December 4, 2023

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа и оваа недела има пад на ВТА ранг листата во поединечна конкуренција. Таа се наоѓа на 212.то место со 357 поени, или 15 места послаб ранг од претходната недела. Ѓорческа има и пад од пет позиции во конкуренција на двојки каде со 226 поени се наоѓа на 365.то место.

Втората македонска тенисерка со ранг на ВТА листата е Магдалена Стоилковска. Таа се наоѓа на 1263.то место со 7 поени, или скок од две места. Стоилковска оваа недела ја очекува нов настап на фјучрс турнир во Парм Ел Шеик за награден фонд од 15.000 долари.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани