Втората носителка пресилна за Стоилковска

November 30, 2023

Со пласман во второто коло македонската тенисерка Магдалена Стоилковска го заврши настапот на фјучрсот во Шарм Ел Шеик, Египет. Таа денеска загуби од домашната тенисерка Јасмин Езат (втора носителка) со 2-0 во сетови (61 64) за 1 час и 17 минути игра. За пласманот во второто коло Стоилковска ќе добие еден поен.

Првиот сет Езат го освои на убедлив начин притоа македонската тенисерка го освои само третиот гем за да намали на 2:1, но потоа следуваше серија од четири гема за тенисерката од Египет за 6:1 во гемови во првиот сет. Во вториот сет по 2:0 за противничката, Стоилковска успеваше да одржи ритам, но и да го изедначи резултатот и сетот заврши со 6:4 за Езат.

Магдалена Стоилковска е пријавена за настап на уште еден фјучрс турнир што се игра во Египет за истиот награден фонд од 15.000 долари, но според моменталниот статус на пријавени тенисерки ќе треба да настапува во квалификациите.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани