Ивановски ја мина првата пречка во квалификациите на Челинџерот во Јокохама

November 19, 2023

Македонскиот тенисер Калин Ивановски со победа ги стартуваше квалификациите на Челинџер 75 турнирот што се игра во јапонскиот град Јокохама. Тој во првото квалификациско коло го совлада домашниот тенисер Шинџи Хазава (24 год., 583 АТП ранг) со 2-1 во сетови (36 64 75) за 2 часа и 12 минути игра. Во следното коло противник ќе му биде Јан Баи од Кина, кому му го предаре мечот на претходниот Челинџер во Кобе (1.коло). Баи го совалада Германецот Каи Венелт со 2-0 во сетови (64 64).

Првиот сет му припадна на Хазава, кој веќе во првиот гем направи брејк за водство од 1:0. Во шестиот гем Ивановски успеа да изедначи на 3:3, но до крајот на првиот сет македонскиот тенисер не освои ниту еден гем бидејќи противникот имаше уште два брејка во овој сет, притоа искористувајќи ја третата сет топка. Во вториот сет имаше само еден брејк и го направи Ивановски на почетокот на сетот. Во гемот беа одиграни 12 поена и македонскиот тенисер успеа да го добие и да поведе со 1:0 што се покажа како решавачко. Во третиот сет првиот брејк беше во третиот гем за водство на Ивановски од 2:1, но Хазава изедначи по брејкот во шестиот гем на 3:3. Во клучните моменти во финишот на сетот Ивановски имаше повеќе концентрација и успеа да направи брејк во 11.гем и поведе со 6:5, а во следниот гем ја искористи првата меч топка за 7:5 и пласман во финалето на квалификациите на Челинџерот во Јокохама.

Двајцата тенисери во мечот имаа по четири брејка, со тоа што Ивановски имаше по еден во првиот и во вториот сет, а два во третиот сет што се покажа клучно за победата.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани