Скок на Ѓорческа по триумфот во Србија за 30 места

October 2, 2023

Лина Ѓорческа по вчерашниот триумф на фјучрсот во Куршумлијска Бања и освоените 70 поени од турнирот и со вкупно 399 поени се искачи на 186.то место на ВТА листата. Таа е сега многу блиску до својот најдобар ранг кога беше 170-та на ВТА листата (12.јуни 2017 г). Во конкуренција на двојки Ѓорческа има пад за шест места и сега се наоѓа на 309.то место со 256 поени.

Магдалена Стоилковска истотака има скок од седум позиции и сега се наоѓа на 1237.то место со 8 поени. Во конкуренција на двојки Стоилковска е на 1475.то место со 6 поени и таа како и Лина во оваа конкуренција има пад за шест позиции.

Оваа недела активна на тениските турнири ќе биде единствено Стоилковска која ќе настапува на фјучрс турнирот во Шибеник.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани