Деари елиминиран на фјучрсот во Србија

September 20, 2023

Шендрит Деари го заврши настапот на фјучрсот во Куршумлијска бања, Србија откако денеска во мечот од првото коло загуби од седмиот носител Петр Нестеров од Бугарија со 2-0 во сетови (60 64) за 1 час и 13 минути. Деари за пласман на главниот турнир мораше да постигне три победи во квалификациите и на тој начин „влезе“ на турнирот.

Горазд Србљак пак успеа да ја мине првата пречка вчера совладувајќи го Русинот Александар Чепик, а утре во мечот од второто коло ќе игра против вториот носител, уште еден руски тенисер Свјатослав Гулин (20 год. 561 место) од кого загуби на претходниот турнир во Куршумлијска бања истотака во второто коло со 2-0 во сетови (63 64).

Почетокот на мечот е во 9 часот.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани