Ивановски и Србљак елиминирани во второто коло

September 14, 2023

Македонските тенисери Калин Ивановски и Горазд Србљак го завршија настапот во второто коло на фјучрс турнирите на кои настапуваа. Ивановски загуби на фјучрсот во Португалија што се игра за награден фонд од 25.000 долари од домашниот тенисер Дуарте Вела со 2-0 во сетови (76(1) 64), додека Србљак е поразен од Свјатослав Гулин (петти носител) на турнирот во Куршумлијска бања што се игра за награден фонд од 15.000 долари со 2-0 во сетови (63 64).

Ивановски (втор носител) добро го почна мечот и во првиот сет по направениот брејк поведе со 4:1 во гемови, но ривалот се врати резултатски откако изедначи 4:4, па сетот беше решен во тај брекот. Во „13.та игра“ Вела поведе со 3:0, а по 3:1 имаше уште четири поени и на убедлив начин го заврши првиот сет со водство од 1:0. Во вториот сет домашниот тенисер беше тој кој имаше прв брејк и водство од 3:0 во гемови, за Ивановски да изедначи на 3:3. Следуваше уште ден брејк на Вела за 5:3, но Ивановски возврати со ри-брејк за 5:4. Но, во 10.тиот гем имаше нов брејк за 6:4 за португалскиот тенисер и победа во мечот, кој траеше два часа.

Горазд Србљак играше против петтиот носител Гулин и во првиот сет беше нерешено до 2:2, кога противникот направи брејк и потоа поведе со 5:2 што беше најава за освојување на сетот. Во вториот сет Србљак поведе со 2:0, но потоа следуваа четири гема за рускиот тенисер за водство од 4:2 што беше доволно за да обезбеди предност и да го добие сетот со 6:4. Противникот имаше максимална контрола во мечот со 9 аса и 3/3 искористеност на брејк топки.

Двајцата тенисери за пласманот во второто коло освоија по еден поен.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани