Марковски ќе се бори за влез на главниот турнир во Куршумлијска бања

September 11, 2023

Македонскиот тенисер Обрад Марковски е на чекор до пласман на главниот турнир на фјучрсот во Србија што се игра во Куршумлијска бања за награден фонд од 15.000 долари. Тој денеска во мечот од второто коло од квалификациите го победи Зекаи Лу од Кина со 2-1 во сетови (26 62 10-4 на поени). Утре во финалното квалификациско коло ќе игра против Саша Марковиќ од Србија.

Второто коло од квалификациите беше последното за Шендрит Деари, кој го предаде мечот во вториот сет против Зоран Лудошки од Србија откако противникот имаше водство од 1-0 во сетови (63). Во првото коло Деари го победи Адриан Акрон од Австралија.

Директен учесник на турнирот е Горазд Србљак, кој во првото коло ќе игра против еден од тенисерите кои ќе победат во квалификациите.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани