Шест македонски тенисерки во квалификациите на фјучрсот во Скопје

September 9, 2023

На терените на ТК Југ утре (недела) ќе стартуваат квалификациите за фјучрсот што се игра во Скопје – Триглав Опен, за тенисерки и е со награден фонд од 40.000 долари. Ова е убава можност за настап на нашите млади тенисерки и воедно да ги одмерат силите со тенисерки што се дел од ИТФ турнирите за сениорки. Таа можност ја искористија шест македонски млади тенисерки кои се пријавија за настап во квалификациите.

Според рангот нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа ќе биде директен учесник и носител број 4, а вајлд карти за главниот турнир добија уште репрезентативките Магдалена Стоилковска и Ива Данева.

Во квалификациите во првата рунда познат е и „костурот“, а македонските тенисерки ги добија своите противнички:

Катја Ивановска – Никол Фоса Хуерго (Италија)

Јана Божиновска – Гаја Скарчалупи (Италија)

Ана Митевска – Лиан Тран (Холандија)

Теона Андова – Јукина Саиго (Јапонија)

Зара Зафировска – Лаура Маир (Италија)

Ивана Милкова – Софиа Ксандинов (Германија)

Познат е и распоредот на мечевите по терени (недела – 10.септември):

Централен терен – почеток 10 часот:

Катја Ивановска (Македонија) – Никол Фоса Хуерго (Италија)

Теона Андова (Македонија) – Јукина Саиго (Јапонија) (не пред 11:30 часот)

Терен број 5 – почеток 10 часот:

Ивана Милкова (Македонија) – Софиа Ксандинов (Германија)

Зара Зафировска (Македонија) – Лаура Маир (Италија) (не пред 11:30 часот)

Ана Митевска (Македонија) – Лиан Тран (Холандија)  (не пред 13 часот)

Терен број 6 – почеток 10 часот:

Вања Гудељ (Холандија) – Дефне Цирпанли (Турција)

Јана Божиновска (Македонија) – Гаја Скарчалупи (Италија) (не пред 11:30 часот)

Терен број 8 – почеток 10 часот:

Зумра Балкан (Турција) – Јана Бојовиќ (Србија)

Ена Кајевиќ (Хрватска) – Кјара Џирели (Италија) (не пред 11:30 часот)

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани