Македонската тенисерка елиминирана во четвртфиналето во Виена

September 8, 2023

Лина Ѓорческа не усепа да се пласира во полуфиналето на фјучрс турнирот што се игра во Виена (награден фонд 60.000 долари) откако денеска во четвртфиналето загуби од Романката (6.носителка) Ирина Бара со 2-0 во сетови (76(4) 64) во меч што траеше 2 часа и 11 минути. Ова беше петти пораз на Ѓорческа од Бара во седмиот меѓусебен дуел.

Една од причината за поразот е слабиот сервис на Ѓорческа или дури 17 двојни сервис грешки. Но и покрај слабиот сервис македонската тенисерка одигра резултатски равноправен меч притоа имаше 4/8 брејк топки за разлика од противничката која имаше скор 5/14. Притоа во вкупниот број поени скорот е 89:83 за Романка.

Првиот сет почна со водство од 2:0 и 4:1 за Лина, но во следните два гема по голема борба Бара намали на 4:3. Во шестиот гем беа одиграни 16 поени, а во седмиот 10 поени и двата гема ги доби Романката. Сепак, Ѓорческа поведе со 5:3, но следните два гема повторно и припаднаа на противничката за 5:5. Во следниот гем Ѓорческа се избори за водство од 6:5, но во 12.гем направи три двојни сервис грешки и стигна изедначувањето на 6:6. Во тај брекот Романката беше подобра со 7:4 на поени.

Во вториот сет по 2:2 во гемови, Бара поведе со 4:2, но македонската тенисерка се врати резултатски 4:4. Во деветтиот гем повторно на свој сервис Ѓорческа направи три двојни грешки и противничката поведе со 5.4,а потоа го доби следниот гем за 6:4.

Ѓорческа за пласманот во четвртфиналето ќе освои 18 поени, а од понеделник ја очекува настапот на фјучрсот во Скопје.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани