Активна недела за македонските тенисери и тенисерки

September 4, 2023

Со стартот на новата недела македонските тенисери и тенисерки ќе имаат настапи на неколку турнири. Најдоброрангираниот македонски тенисер Калин Ивановски го очекува настапот на Челинџер 75 турнирот во францускиот град Каси. Тој денеска во попладневните часови треба да го игра мечот со Италијанецот Федерико Гаио (8.носител). 31-годишниот Гаио се наоѓа на 215.место на АТП листата. Турнирот се игра за награден фонд од 73.000 евра.

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа е дел од фјучрс турнирот во Виена што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Таа во текот на денешниот ден ќе го дознае името на првата противничка.

На фјучрсот во Пирот, Србија македонскиот тенисер Горазд Србљак е во главниот турнир, додека Обрад Марковски како втор носител во квалификациите го очекуваа мечот од втората рунда со Максим Крапивин. Во квалификациите настапуваше и Шнедрит Деари, но загуби во првата руда од Назар Олиников со 2-1 во сетови.

На фјучрсот во Куршумлијска Бања, Србија се натпреваруваат теисерките. Магдалена Стоилковска е директен учесник на главниот турнир, додека Ива Данева ја очекува мечот од втората рунда од квалификациите против Изабел Черни од Велика Британија. Данева во првата рунда од квалификациите ја победи Паула Мигаела Оница од Романија со 2-0 во сетови.

За тенисерките од Македонија овие настапи се најава за претстојниот турнир што од 11 до 17.септември ќе се одржи во Скопје.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани