Без поголеми промени за македонските тенисери на АТП листата

August 21, 2023

Нема големи промени, туку само мали поместувања на рангот кај македонските тенисери на најновата ранг листа. Калин Ивановски има скок од едно место со 176 поени се наоѓа на 307.та позиција. Горазд Србљак е рангиран на 1134.то место со 8 поени (скок едно место), додека Обрад Марковски е на 1226.то место со 6 поени (напредок шест позиции).

Во конкуренција на двојки Ивановски има пад од две места (619) со ист број поени 81, додека Марковски е на 1026.то место со 32 поена. Берг Бугариќ е рангиран на 1329.то место – 16 поени, а Србљак е 1929.ти со 4 поени. Пласман во конкуренција на двојки има и Елдин Хусеиновиќ – 2034.то место со 3 поени.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани