Јанев запрен во финалето

August 5, 2023

На терените на ТК Југ во Скопје изминатава недела се играат мечеви за играчи на возраст од 16 години. Македонскиот играч Кристијан Јанев стигна до финалето каде беше запрен од Србинот Милан Радојчиќ. Финалниот меч му припадна на српскиот тенисер со 2-0 во сетови (62 75). На патот до финалето Јанев постигна четири победи. Во првото коло го победи Ридиан Миљковиќ-Брејк (Швајцарија) со 2-0 во сетови (60 60), во втората рунда беше поуспешен од Урош Живковиќ од Србија со 2-0 во сетови (64 62). Во четвртфиналето го победи Огњен Милековиќ од Србија со 2-0 во сетови (64 60), додека за влез во финалето беше подобар од Ставрос Јоанатос од Грција со 2-0 во сетови (62 61).

Во женска конкуренција победи Теодора Влајиќ од Србија која ја совлада Емилија Миљковиќ истотака од Србија со 2-1 во сетови.

Во конкуренција на двојки кај момчињата победија: Картавенко од Украина и Угурчан од Турција, додека кај девојчињата победничи беа Георгиевска од Словачка и Пападолулу од Бугарија.

Во текот на следната недела ќе се играат мечеви за тенисери и тенисерки до 18 години на терените на ТК Југ.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани