Тенисерите подобри од БиХ, утре дуел со Словачка

August 3, 2023

Македонија (тенисери до 18 години) ја постигна првата победа на European Summer Cup во Пиештани, Словачка откако денеска во разигрувањето ја совладаа соодветната репрезентација на Босна и Херцеговина со 2:1. Оваа победа на нашите тенисери им овозможи утре да играат уште еден меч и тоа против домаќинот Словачка дуелот за 5.то место во оваа група.

На денешниот дуел со БиХ двете селекции добија по еден сингл меч. Победа за Македонија постигна Марко Стоилковски кој со 2-0 во сетови (76(3) 61)го совлада Амар Силајџиќ, додека Филип Стојановски загуби од Иван Билетиќ со 2-0 во сетови (62 61). На крајот решаваше мечот во двојки: Стоилковски и Стојановски ги совладаа Билетиќ и Силајџиќ со 2-0 во сетови (63 76(7)).

Во полуфиналните дуели: Шпанија – Турција 3:0 и Србија – Украина 2:0.

Утре во финалето ќе играат: Шпанија – Србија, а Турција ќе игра против Ухраина.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани