Без промени и кај македонските тенисерки на ВТА листата

July 31, 2023

Двете македонски тенисерки кои имаат ранг во сингл на ВТА листата немаа промени во бројот на поени, што значи дека пласманот има минимални поместувања. Лина Ѓорческа со 283 поени се наоѓа на 255 место или има пад за три позиции, додека Магдалена Стоилковска е на 1363 место (напредок за две места) со 4 поени.

Во конкуренција на двојки Ѓорческа се наоѓа на 366 место (пад за две позиции) со 205 поени, додека Александра Симева има 8 поени и се наоѓа на 1419 место.

Оваа недела Ѓорческа ја очекува настап на фјучрс 60 турнир во Хешинген, Германија, додека Стоилковска е пријавена за настап на турнир во Савитаиполе, Финска на фјучрс турнир 15.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани