Македонските млади тенисери ги имаа првите настапи на Европските првенства

July 17, 2023

Во Клостерс, Швајцарија и во Мост, Чешка се одржуваат Европските првенства за млади катергории. Во Клостерс се играат мечевите од шампионатот за тенисери и тенисерки до 18 години, а во Мост е шампионатот за тенисери и тенисерки до 14 години. Шампионатот до 16 години е одложен од причина што тој се одржуваше во Русија.

Во првото коло во Лука Симиќ загуби од Анас Маџаришки од Бугарија со 2-0 во сетови (61 61), додека вториот наш тенисер Марко Стоилковски беше слободен и во второто коло ќе игра против Кевин Еденгрен од Шведска (6.носител). Кај девојките Ива Данева е слободна во првата рунда, а прва ривалка ќе и биде Зузана Павликовска од Полска (8.носителка). Ивана Милкова го загуби мечот од второто коло од Швајцарката Кениша Менинг со 2-0 во сетови (61 62). Во првото коло беше слободна.

Во конкуренција на двојки Данева и Милкова загубија од бугарскиот дубл Александра Габровска и Ива Иванова со 2-0 во сетови (62 60), додека Стоилковски и Симиќ ќе ги имаат за ривали нивните сонародници Анас Маџаришки и Геори Георгиев.

На шампионатот во Мост македонските тенисери ги загубија денешните мечеви. Во првото коло Горјан Вукичевиќ загуби од Итамар Вертаимер од Израел со 2-0 во сетови (61 60), додека Матеј Попов загуби од Холанѓанецот Стан Пут со 2-0 во сетови (60 60).

Кај девојчињата Сара Митевска која беше слободна во првото коло, во мечот од втората рунда загуби од 16.та носителка Карла Васкез Алкудиа од Шпанија со 2-1 во сетови (60 26 62). Втората македонска тенисерка Миа Спировска загуби во втората рунда (слободна во првата) од Турчинката Мира Каратогма со 2-0 во сетови (60 61). Во конкуренција на двојки Вукичевиќ и Попов ќе играат против холандските тенисери Стан Пут и Вутер Ричард Ван Хилегерсберг, додека Митевска и Спировска ќе играат против Маргрете Берг и Габриеле Еие од Норвешка.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани