Македонско-турската комбинација Лина Ѓорческа и Чагла Бујукакчај се пласираа во полуфиналето на фјучрсот во Лиепаја во двојки откако денеска г победија првите носителки Џеси Ромпиес од Индонезија и Оливија Тџандрамулиа од Австралија. Тие мечот го добоја со 2-0 во сетови (75 и 64) за 1 час и 17 минути игра. Во текот на целиот меч македонско-турската комбинација имаше контрола над резултатот.
Во првиот сет по 2:2 во гемови кога двата дубла го освојуваа гемот на свој сервис, следуваа два брејка за 3:3. Предност од 5:3 имаа Ѓорческа и Бујукакчај, но противничките изедначија на 5:5. Веднаш следеше уште брејк за Лина и Чагла за водство од 6:5 притоа првите носителки не освоија ниту поен на свој сервис. Во 12.тиот гем следуваше само реализација на предноста и сетот заврши со 7:5 во гемови.
Исто како и првиот сет почна и вториот – 2:2. Први брејк напрваија Лина и Чагла за водство од 3:2, за потоа да водат и со 5:2, сепак првите носителки не се предадоа така лесно и намалија на 5:4, но во 10.тиот гем од сетот без загубен поен Ѓорческа и Бујукакчај го финишираа мечот откако го добија сетот со 6:4.
Утре во полуфиналето ќе играат против третите носителки Џеси Ејнеј од САД и Елена Малигина од Естонија.