Ѓорческа со ист број поени има пад од две позиции

July 3, 2023

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со 295 поени, колку што имаш и претходната недела има две места послаб ранг и сега се наоѓа на 249-то место на ВТА листата. Таа за малку не успеа да влезе во квлаификациите на Вимблдон, но оваа недела ќе настапува на турнир во Летонија во Лиепаја за награден фонд од 60.000 долари и е рангирана како 11-та носителка. Во конкуренција на двојки Лина се наоѓа на 426-то место со 157 поени (пад за четири позици).

Магдалена Стоилковска пак со 3 поени е рангирана на 1359-то место (пад за 15 места).

Во конкуренција на двијки ранг има и Александра Симева со 3 поени е рангирана на 1434-то место.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани