Ѓорческа доминатно, Македонија изедначи на 1:1 – решава дублот

June 24, 2023

Македонската репрезентација го израмни резултатот на 1:1 откако во вториот сингл меч нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа ја совлада Марина Давтјан со 2-0 во сетови (60 и 60) за 50 минути игра. За конечниот победник во Третата Европска зона од Били Џин Кинг купот ќе решава мечот во двојки.

Во текот на целиот меч Ѓорческа освои 51 од 69-те одиграни поени со реализација на брејк топките 6 од 7, додека противничката имаше само една брејк топка во четвртиот гем од првиот сет и не ја релализираше. И Давтјан слично како Мурадјан во првиот меч побара медицинска помош за време на мечот.

Во игра на двојки за Македонија ќе настапат Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска, додека за Ерменија се пријавени Марина Давтјан и Ирена Мурадјан.

Фото: Игор Паневски

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани