Репрезентацијата на Ерменија се избори за првото место во А групата од Третата Европска зона од Били Џин Кинг купот откако во последниот дуел од денешната програма и директен меч за првото место го совлада фаворитот Луксембург со 2:1, откако беше во негатива и губеше со 1:0.
Ерменија така со четири победи и без пораз го освои првото место во групата со 8 победи во мечевите и три порази.
Во денешниот меч Луксембург поведе со 1:0 откако Елеонора Молинаро ја победи Ирена Мурадјан со 2-0 во сетови (64 и 63). Во вториот синг меч Марина Давтјан во три сета со 2-1 (63 36 64) ја победи Марие Векерле и го изедначи резултатот на 1:1. Во решавачкиот меч во дубл Мурадјан и Давтјан ги победија Милонаро и Векерле со 2-1 во сетови (62 16 64).
Утре во финалето ќе играат Македонија и Ерменија, која беше рангирана во групата како носител број 4.