Магдалена Стоилковска го донесе првиот поен за македонската репрезентација во дуелот од 5.коло од Третата Европска зона од Били Џин Кинг купот. Македонија води со 1:0 против Молдавија во Скопје откако Стоилковска ја победи Даниела Чобану со 2-0 во сетови (76(5) и 75). Мечот траеше 2 час и 4 минути. Со ова Стоилковска и се реваншираше на Чобану за поразот во Фед купот од 2015 година.
Првиот сет почна со водство на Чобану од 2:0, но Стоилковска брзо го врати загубениот сервис и изедначи на 2:2. До крајот на сетот тенисерката од Молдавија постојано водеше со еден гем предност и по 6:6, сетеот беше решен во тај брекот. Стоилковска по 3:0, потоа имаше и водство од 6:2, но ја искористи четвртата сет топка за 7:5 на поени.
Во вториот сет слична слика по 2:2, каде имаше по еден брејк Стоилковска водеше до 4:3, кога испушти и брејк топка за 5:3. Чобану изедначи на 4:4 и потоа направи брејк за 5:4. Сепак нашата тенисерка се врати во игра и до крајот на сетот направи два брејка и сетот го заврши со 7:5 искористувајќи ја втората меч топка.
Во текот на целиот меч тенисерката од Молдавија не направи ниту една двојна сервис грешка.
Во вториот меч во сингл ќе играат: Лина Ѓорческа и Екатерина Висневскаја.
Фото: Игор Паневски