Лабудовиќ: Оваа е голема победа – честитки за девојките

June 21, 2023

Тенисерките на Македонија направија голем подвиг откако денеска во дуелот од третото коло го победија носителот во Б групата селекцијата на Финска. По водството на противникот од 1:0 откако Магдалена Стоилковска загуби, Лина Ѓорческа успеа да изедначи на 1:1 и потоа во мечот во двојки решаваше за победникот, а македонскиот дубл одигра одлично.

  • Честитки за девојките за победата. Ова е толем триумф совладана е една селекција која важеше за фаворит, дека беше носител во нашата група. Сепак, во дублот девојките одиграа во голем стил и сосема заслужено стигнаа до победата. Мора сепак да напоменам дека Лина истотака одигра и многу добар во меч во сингл и со пресврт стигна до победата, а по куса пауза повторно беше на терен и се избори за нова победа, изјави селекторот на македонскиот тим Димитар Лабудовиќ.

Утре во мечот од 4.коло Македонија ќе игра против Исланд, кој денеска ја постигна првата победа совладувајќи го Азербејџан со 3:0. Почетокот на дуелот е во 10 часот.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани