Србљак ги мина квалификациите, а Деари запрен во последниот меч

June 20, 2023

Македонскиот тенисер Горазд Србљак е единствениот што успеа да се пласира на главниот турнир од фјучрсот во Куршумлијска Бања, Србија што се игра за награден фонд од 15.000 долари, додека Шендрит Деари е запрен во финалето од квалификациите, а Дарко Колевски загуби уште во првото коло од квалификациите.

Србљак утре во првото коло од главниот турнир ќе игра против младиот 17-годиешн Американец Дејвид Прасиеви. Во квалификациите во првото коло го победи Никола Јовиќ од Србија 2-1 во сетови (67 (5) 61 10-7 на поени), во второто беше подобар од Иракли Цурцумија од Грузија со 2-0 во сетови (62 63), додека во финалната рунда од квалификациите го победи Србинот Милан Дринчиќ со 2-0 во сетови (62 64).

Деари беше на чекор за влез на главниот турнир откако денеска во финалиот меч загуби од Пјотр Чачковски од Полска со 2-1 во сетови (75 26 6-10 на поени). Претходно ги победи Јапонецот Жак-Каи Ино 2-0 во сетови (76(4) 63) и Александар Михаиловиќ од Србија со 2-1 во сетови (46 64 10-2 на поени).

18-годишниот македонски тенисер Дарко Колевски загуби од Петар Бар Биурјуков од Русија со 2-0 во сетови.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани