Шевченко: Ова беше поучен Дејвис куп за нас

June 17, 2023

Македонската тениска репрезентација со две победи и два пораза го заврши настапот оваа година во Третата Европска зона од Дејвис купот. Денешниот триумф над Сан Марино со 2:1 го донесе и опстанокот што значи дека и следната сезона Македонија ќе игра со истиот ранг на натпреварување.

  • Имавме многу тежок Дејвис куп оваа година, не само од временските услови. Изгубивме еден играч, а еден морав да го штедам вчера и еден кој немаше најдобра форма и најмладиот Амар (Хусеиновиќ) кој беше максимално мотивиран. Берк (Бугариќ) имаше проблеми со повреденото рамо и не бев сигурен, колку ќе можев да го користам вчера со Кипар. Против нив само со најдобра игра имавме можност да ги победиме. Се решив да добие шанса Амар и да стекне искуство и одигра коректно. Обрад (Марковски) одигра под своите можности, а и не е во најдобра форма. Но, и играчот на Сан Марино денеска беше константен и постојано вршеше притисок. Сметам дека Берк без проблеми го доби синглот денеска, а во дубл го штедеше сервисот. Тој имаше и мал пад во дубл во вториот сет, но се држевме и на крајот ги искористивме нашите прилики, кога ги реализиравме нашите брејк шанси. Ова е поучен Дејвис куп за нас, добро што изборивме опстанок. Овој тим се гради, Амар се покажа како добар дубл играч и важно да не треба да почнуваме од почеток, по настапот на Кипар изјави селекторот на Македонија, Горан Шевченко.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани