Шевченко: Имавме тежок ден, дублот играше без брзање

June 14, 2023

По првиот ден од Дејвис купот Македонија почна со победа од 2:1 против Малта. Противникот се покажа како незгоден, а нашите тенисери дури по мечот на дубловите стигна до победата.

Ова беше тежок и долг ден. Мечот се играше во тешки услови, топло време и многу силен ветер. Имавме лош почеток откако Обо (Обрад Марковски) одигра меч со грешки. Во тај брекот од решавачкиот сет имаше водство од 3:2, но го загуби со 7:3 на поени. Калин (Ивановски) одигра солиден меч. Доволно квалитетно со котрола над резултатот во мечот. Дублот почна внимателно и резервирано, без брзање и на крајот на секој сет имавме брејк со што ги освоивме сетовите. Добро е што имаме победа на почетокот, изјави селекторот Горан Шевченко.

Нашата репрезентација утре во мечот од второто коло ќе игра против селекцијата на Молдавија, која денеска со 3:0 го победи домаќинот Кипар.

Во кој состав ќе настапи Македонија, селекторот Шевченко ќе реши пред самиот почеток на мечевите.

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани