Македонија во тешка група заедно со домаќинот Кипар

June 13, 2023

Дејвис Куп репрезентацијата на Македонија (рангирана на 89 место) по денешното извлекување ги дозна ривалите од Третата Европска зона од Дејвис купот што ќе се игра во Ларнака, Кипар. Нашата репрезентација е во групата Б со домаќинот Кипар (рангиран на 75 место), кој е носител, Малта (рангирана на 93.то место) и Молдавија (95.то место). Во групата А се три репрезентации: Естонија (68), Сан Марино (86) и Црна Гора (91).

Во првото коло утре Македонија на стартот ќе игра против селекцијата на Малта.

Двете првопласирани репрезентации од двете групи ќе обезбедат пласман следната сезона еден ранг повисоко, додека второпласираните ќе играат меч за третата позиција која од оваа зона носи пласман ранг погоре.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани