Киркин од Турција ривал на Ивановски во полуфиналето

June 9, 2023

Ерги Киркин од Турција ќе биде противник на Калин Ивановски во утрешното полуфинале на фјучрсот во Скопје. Киркин кој е петти носител го елиминираше денеска првиот носител Миљан Зекиќ од Србија со 2-0 во сетови (62 64) за два часа и 12 минути игра.

Киркин во првиот сет имаше целосна контрола откако на поечтокот направи брејк и поведе со 2:0, а потоа го зголеми водството и на 5:1 за да го добие сетот со 6:2. Во вториот сет Киркин имаше повторно предност од 3:0 во гемови, а водеше и со 4:2, но Зекиќ успеа да изедначи на 4:4. Но, Киркин повторно направи брејк и сетот го комплетираше со 6:4 во гемови.

Прв полуфиналист стана Саша Вајенбург од Франција кој со 2-0 во сетови (61 62) го совлада Неил Оберлеитнер од Австрија.

Во тек е последното четвртфинале меѓу Вито Тонејц (Хрватска) и Тоби Мартин (Велика Британија).

Инаку, први финалисти во конкуренција на двојки се тенисерите од Бугарија Јанаки Милев и Петр Нестеров (3 носители), откако во полуфиналето ги совладаа Рајан Голсворти и Џејмс МакКинлеј од (Велика Британија) со 76 (3) и 62 во сетови.

Фото: Игор Паневски

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани