Противникот на Ивановски е искусен играч

June 9, 2023

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски денеска го игра мечот за пласман во полуфиналето на фјучрсот во Скопје. По вчерашната убедлива победа и самиот факт што е рангиран како носител Ивановски ја има улогата на фаворит, а и според пласманот е подобро рангиран од Мирза Башиќ од Босна и Херцеговина. Нашиот тенисер во моментов е рангиран на 421.место на АТП листата, додека Башиќ е 584.ти. на АТП листата.

Но, Дејвис куп репрезентативецот на Босна и Херцеговина бил рангиран и во ТОП 100. На 19.февруари 2018 година го имал најдобриот пласман на 74.то место. Таа година има и победа на турнирот Софија Опен 250, од рангот на АТП турнирите. Во својата кариера има вкупно 10 турнирски победи, а покрај победата во Софија другите се победи на турнири од рангот Челинџер (2) и Фјучрси (7). а има одиграно и уште девет финални меча кои ги загубил. Истотака има и пет учества на Грен Слем турнирите. Од 10-те турнирски победи 4 се на земјени терени и 6 на тврда подлога. Оваа година Башиќ беше финалист на фјучрсот 15 во Кршко.

Башиќ има скор од 475 – 360 (победи – порази) и заработено над еден милион долари.

Калин Ивановски по вчерашниот триумф има скор од 68-50 (победи-порази).

Двајцата тенисери имаат одиграно еден меѓусебен меч, лани во Загреб на Челинџер турнирот кој го доби Башиќ со 2-0 во сетови (61 61).

Резултати на Ивановски во првите две кола на фјучрсот во Скопје:

1.коло: Тибо Колсон (Белгија) 2-1 (46 62 64)

2.коло: Ален Бил (Хрватска) 2-0 (60 60)

Резултати на Башиќ во првите две кола на фјучрсот во Скопје:

1.коло: Шендрит Деари (Македонија) (61 46 30 предадено)

2.коло: Петр Нестеров (Бугарија) 2-1 (26 62 62)

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани