Тројца македонски тенисери ја минаа првата пречка во квалификациите

June 4, 2023

На терените на ТК Југ денеска се одиграа мечевите од првата квалификациона рунда на фјучрс турнрот Скопје 25. Тоа беа мечеви на македонски тенисери кои играа меѓусебе. Стефан Мицов, Марио Тодоровски и Андреј Тасевски се тројцата тенисери кои утре ќе играат во второто коло од квалификациите.

Резултати на македонски играчи во првото коло од квалификациите:

Стефан Мицов (2, носител) – Борјан Стефановски 61 61

Дарко Колевски – Идс Ватерболк (Холандија) 76(2) 46 6-10

Андреј Саздовски – Марио Тодоровски 61 16 6-10

Давид Шаврески – Ричард Антони (Германија) 06 06

Андреј Тасевски – Петар Пројковски 62 60

Филип Атанасовски – Умберто Мариа Џиованини (Италија) 26 06

Михаил Кусески – Доминик Граф (9, Германија) 26 46

Утре на теренот број 5 се мечевите на македонските тенисери:

Стефан Мицов – Лазар Даниќ (Србија)

Марио Тодоровски – Стефанос Сцинас (4, Грција)

Андреј Тасевски – Лука Петровиќ (15, Велика Британија)

Првиот меч на македонските тенисери нема да почне пред 11.30 часот, а потоа следуваат и мечевите на другите играчи.

Утре ќе се играат вкупно 16 мечеви од второто квалификациско коло, а стратот на мечевите е во 10 часот и ќе се играат на четири терени.

Од македонските тенисери и Томислав Јотовски ќе биде дел од главниот турнир, а ждрепката за главниот костур ќе биде утре во попладневните часови.

Квалификации сингл

Распоред на мечеви – 5.јуни

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани