Првите места за Митевска и Вукичевиќ

June 2, 2023

Во конкуренција за играчи до 14 години државен првак е Горјан Вукичевиќ (Југ) кој со 2:0 во сетови (61 63) го победи Матеј Попов (МТП). Вукичевиќ е носител на „двојна круна“ откако во игра на двојки заедно со Александар Грујиќ ги победија Марко Алексовски и Матеј Попов со 2:1 во сетови (26 76(7) 10/6).

Кај девојките доминантна во финалето беше Сара Митевска (Југ) која без загубен гем ја совлада Љубица Андоновска (Југ) со 2:0 во сетови (60 60). Во игра на двојки Митевска, Андоновска ги победија Миа Спировска и Лина Николовска со 2:0 во сетови (60 60).

Мечевите се играа на терените на МТП.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани